Србија со 3.499 инфицирани лица и 17 починати пациенти за еден ден

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 3.499 мнммови случаи на коронавирус од 14.116 натправени тестови додека починаа 17 пациенти. Моментно во земјата се хоспитализирани 3.564 лица од 158 се приклучени на респиратори, е објавено на интернет страницата ковид.рс.

Од почеток на пандемијата во земјата се заболени 77.264 лица, а досега се евидентирани и 972 смртни случаја. Процентот на смртност од ковид-19 во Србија е 1,26 на 100.000 жители.

Српските здравствени власти досега направија 1.482.280 тестови. Најголем дел од новоинфицираните е во Белград – 1.597 по кој следуваат Нови Сад со 330, Ниш со 113, Крагуевац со 88, Краљево со 70, итн.

Според државниот секретар во Министерството за здравство, со вирусот се заразени 942 медицински лица од кои 49 се наоѓаат на болничко лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот