Србија инсистира на отворање на темата за ЗКК, но Приштина се противи

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак објави дека денешните разговори во Брисел на техничко ниво меѓу Белград и Приштина се завршени.

– Денешните разговори со главните преговарачи, Марко Ѓуриќ и Скендер Хисени, за взаемните финансиски побарувања и имотот, завршија, објави Лајчак на Твитер.

Тој наведе дека дискусиите ја потврдиле сложеноста и чувствителноста на тие прашања и дека разговорите ќе продолжат.

Директорот на Кабинетот на Владата на Србија за Косово, Марко Ѓуриќ изјави дека српската делегација инсистирала прво да се разговара на темата за Заедницата на српски општини (ЗСО) и дека Приштина се противила на тоа.

Тој ги оцени денешните преговори меѓу Белград и Приштина како „многу интензивни и тешки”.

Косовската делегација беше предводена од Скендер Хисени, кој за приштинските медиуми изјави дека српската делегација се обидела да ја отвори темата на ЗСО, но тие „категорично одбиле”.

Како што изјави, страните во преговорите имале дијаметрално спротивни ставови за тоа прашање.

– Очигледно, ставовите на оваа тема се многу различни. Ние го гледаме прашањето за сукцесија како прашање што мора да се третира во согласност со меѓународното право, следејќи ги практиките на сукцесија што се случија меѓу енитетите на поранешна Југославија, сега независни држави и ова е ставот на Косово, рече Хисени. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот