Србија годишно произведува 50 милиони литри ракија

Ракија /Фото: Фејсбук

Во Србија годишно се произведуваат околу 50 милиони литри ракија. Од нив 30 милиони се произведуваат во дестилерии регистрирани во Министерството за земјоделство,  додека останатите 20 милиони литри се произведуваат за лична употреба. Овие податоци ги објави  Стопанската комора на Србија, потенцирајќи дека секоја година во земјата се отвораат околу 100 нови дестилерии.

Најголеми производители на ракија се во областите Расин, Златибор и Шумадија, а меѓу најбараните ракии се ракии од сливи, круши и дуњи. Податоците на Стопанската комора на Србија покажуваат и дека во оваа земја се регистрирани околу 730 производители на силни алкохолни пијалоци и дека извозот на ракија на странските пазари годишно расте за повеќе од 20 отсто.

Ракијата главно се извезува во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Германија и САД, но почна да се извезува и во Азербејџан, Литванија и Летонија.
Минатата година српската ракија Сливовица беше официјално вклучена во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот