Спој на солено и благо: Вкусниот сендвич „Монте Кристо“

„Монте Кристо“ сендвич
Фото: Carmen K. Sisson/Cloudybright / Alamy / Alamy / Profimedia

Познатиот сендвич „Монте Кристо“ е интересна спојка на вкусови. Тој е сладок, но и солен истовремено, и претставува комбинација од швајцарското тврдо сирење гријер, шунка и сенф во похувано лепче, кое потоа се посипува со шеќер во прав или се премачкува со џем од малини.

Името на сендвичот е омаж на францускиот писател Александар Дима и неговиот роман „Грофот Монте Кристо“. Името укажува на потеклото на овој необичен специјалитет, кој е создаден како варијација на попопуларниот француски сендвич „croque monsieur“.

Додека некои луѓе ја обожаваат комбинацијата на слатко и солено, други решиле целосно да го тргнат џемот и шеќерот во прав од рецептот. Па, ваше е да одлучите како ќе го приготвите овој познат сендвич.

Потребни состојки:

  • 4 парчиња леб
  • 170 гр сирење гријер
  • 170 гр шунка
  • 2 лажички сенф
  • 2 јајца
  • 60 мл млеко
  • 1/2 лажичка ванила
  • 4 супени лажици путер
  • шеќер во прав и џем од малини (по избор)

Подготовка:

Ставете четвртина од ренданото сирење и половина од шунката намачкана со лажичка сенф на парче леб. Додадете уште една четвртина од сирењето, а потоа парче леб. Повторете ја постапката за вториот сендвич.

Растопете две лажици путер во тава на средна топлина.

Во плиток сад измешајте ги изматените јајца, млекото и ванилата. Земете го сендвичот и натопете ги двете страни во смесата со јајца.

Ставете го сендвичот во тавата и пропржете го две-три минути од секоја страна, сѐ додека не порумени. Додадете ги преостанатите две лажици путер во тавата и повторете ја постапката со другиот сендвич.

Исечете го секој сендвич дијагонално. По желба, посипете со шеќер во прав или премачкајте го сендвичот со џем од малини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот