Специјалци повторно „тресат“ во „Идризово“, откако изгоре автомобилот на заменик-директорот

Претрес во Идризово/Фото: МВР / илустрација

Припадници на специјалната единица на МВР доцна попладнево упаднале во затворот „Идризово“ и вршат претреси, објави „Макфакс“.

Специјалците дејствуваат во кординација со затворската управа, а блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно во новиот дел на затворот.

Неофицијално, како што пишува „Макфакс“, станува збор за справување со осуденици кои биле дел од наркогрупа која сега е проблематична за контролирање од страна на управата. Полицијата наводно повторно бара дрога, телефони, пари, оружје и други недозволени предмети.

Изминатава недела пред џамија во Студеничани беше запален службениот автомобил кој го користел заменик-директорот на „Идризово“, а претходно под неразјаснети околности изгореа и три автомобили на вработени во нашиот најголем затвор.

Изгоре службеното возило на заменик директорот на Идризово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот