Спасовски: Од денеска ние сме НАТО

Денеска го остваруваме најголемиот успех на нашата земја. Знамето на Македонија се развиори во седиштетот на НАТО, рече денеска техничкиот премиер на Македонија Оливер Спасовски.

Денеска го остваруваме најголемиот успех на нашата земја. Знамето на Македонија се развиори во седиштетот на НАТО.Патот беше долг. Биддете горди мои сограѓани. Ние денеска водиме битка со коронатана, но за момент ќе одвоите време и да се израдуваме, ден кога нашето знаме за развиори со другите знамиња, рече денеска техничкиот премиер на Македонија Оливер Спасовски.

– Последните три години ги направивме клучните работи кој не донесоа до полноправно членство во НАТО. Ќе ја победиме и короната и ќе бидеме дел од ЕУ – рече Спасовски.

Тој нагласи дека Македонија ќе биде сојузник од кој сите ќе може да очекуваат помош. Нагласи дека им е благодарен на сите кој постигнале многу овој ден, а посебна благодарност упати до екс премиерот Зоран Заев.

– Од денеска ние сме НАТО – рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот