Спасовски: Најважно е да најдеме решение за регистарските таблички што ќе биде најдобро за граѓаните

Фото: МВР

Решението за употребата на налепници на регистарските таблици е во напредна фаза, но конечното решение ќе се дискутира на седница на Влада, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како МВР сметаме дека едно од решенијата е да се стават налепници. Со налепници практично без некаков трошок или многу мал трошок, да се задоволи тој законски момент, изјави Спасовски во гостување на утринската програма на Македонската национална телевизија.

Потенцираше дека има три категории на возила, на граѓани кои поседуваат такви возила.

Имаме регистарски таблици со три бројки кои се многу стари, кои не се променети воопшто, имаме околу 220-230.000 кои практично се со МК и нови таблици со четири бројки кои треба да се променат и уште толку кои веќе се променети, значи преку 220-230 илјади кои се променети, истакна министерот Спасовски.

Вели дека најважно за Министерството е да се донесе најдобро решение.

За нас е важно да го донесе најдоброто решение за граѓаните и да се остави опциона можност, ако сака граѓанинот да ја смени табличката, ако сака да стави налепница. Тоа би било едно од можните решенија. Јас очекувам дека наскоро ќе го дефинираме и ќе излеземе пред јавноста. Ние стоиме на располагање преку измени во упатства да имаме поповолно решение за секој од нас, заклучи Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот