Спасена 67 годишна давеничка

Денеска во 10.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека има женско лице во реката Вардар, во близина на хотел во Скопје.

– Полициски службеници од интервентната полиција  влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош. Потоа 67- годишната жена е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди – се вели во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот