Совршена виенска шницла, според виенски рецепт

профимедиа

Со векови се води дебата за потеклото на виенската шницла, но сигурно е дека била главен дел од оброците во дворот на Хабсбурзите во 15 век.

Виенската шницла (Wiener schnitzel) попозната меѓу народот како „бечка“ шницла, е традиционално австриско и германско јадење. На почетокот се приготвувало од свинско месо, а подоцна само од телешка кртина, која потоа се пржи во јајце и презла.

Со векови се води дебата за потеклото на виенската шницла, но сигурно е дека била главен дел од оброците во дворот на Хабсбурзите во 15 век.

Иако веруваме дека секој знае како да ја приготви, да се потсетиме на традиционалниот рецепт и заедно да ја усовршиме техниката.

Потребно е – 600 грама телешка кртина (шницлите се толчат до листови од 0,5 см), 30 грама брашно, 2 јајца, сол, 75 грама лебни трошки, свинска маст или масло за пржење, лимон за декорација.

Подготовка

Подгответе три плитки садови. Во првата ставете го брашното помешано со половина лажичка сол, во другиот сад ставете ги лебните трошки, а во третиот – изматените јајца.

Земајте една по една шницла, прво премечкајте ги во брашното, потоа во јајцата и на крајот во лебните трошки.

На добро загреано масло или свинска маст на тавата ставете ги шницлите (ставете онолку колку собираат во тавата без да се преклопат). Пржете 3 минути од едната страна, па од другата страна подеднакво исто додека добијат речиси жолта боја. Доколку шницлата се залепи за тавата, внимателно одлепете ја со помош на вилушка.

Пржените шницли извадете ги од тавата, оставете ги да се исцедат од вишокот маснотија на парче кујнска хартија и сервирајте ги со на кругови исечен лимон, компир салата или зелена салата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот