СОВРШЕНА КОМБИНАЦИЈА! Познатата актерка покажа како се носи најпопуларната боја оваа есен (ФОТО)

Profimedia

Сите нијанси на розова боја се во тренд оваа сезона. Многу дами се израдуваа на оваа женствена нијанса која не е карактеристична за есен.

Актерката Пријанка Чопра (37), најверојатно е огромен обожавател на оваа боја, па одлучи да се прошета во стајлинг од глава до пети со истата. Фотографирана е пред еден ресторан каде што вечерала со својот сопруг Ник Џонс.

Циклама ролката ја искомбинира со здолниште кое ја пратеше линијата на нејзиното тело во нешто посветла нијанса на розова боја. Салонките на висока потпетица беа идентична нијанса со здолништето. Таа дефинитивно знае како да го нагласи тоа што е најдобро на нејзиното тело!

Profimedia

Со оваа комбинација, таа одбрала и плетена кремаста торба со розеви детали која одлично го надополнува стајлингот.

Сепак широката насмевка и нејзината харизма се тоа со кое што актерката навистина ги плени сите.

Profimedia

Дали и вам ви се допаѓа ваквата модна комбинација?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот