Совети од Клиника „Жан Митрев“: Сè за Аспергерoв синдром

Фото: Промо

Д-р Катерина В. Димовска, специјалист педијатар, ги објаснува здравствените аспекти на Аспергеровиот синдроми за можните начини за справување во секојдневниот живот.

Аспергерoв синдром е невролошка состојба при која засегнатата личност доживува тешкотии на функционално ниво во социјалниот живот.
Според ДСМ 5-класификацијата, Аспергеровиот синдром припаѓа на пошироката група нарушувања на аутистичниот спектар Аутистик спектрум дисордер (Аutistic Spectrum Disorder group, ASD), каде што состојбите различно се дефинираат и се опишуваат. Секое лице што има Аспергер поседува свои специфични особености и минува низ комплетно различни искуства и е со различни симптоми што се карактеристични само за таа личност. Сепак, одредени карактеристики може да бидат заеднички како, на пример, моторните способности, фината моторика и проблеми со социјалната интелигенција.

Најчесто, лицата со Аспергеров синдром не се со низок коефициент на интелигенција. Напротив, тој може да биде нормален или висок што ги прави овие лица успешни ученици и токму затоа само мал број од случаите биваат детектирани во детска возраст. Поголемиот дел остануваат недијагностицирани сè до моментот на нивното вклучување во социјалната средина, општеството. Значајно е да се спомене дека нивниот пат за достигнување на животните цели не е воопшто лесен. Тешкотии имаат во секојдневната социјализација, во својата работна средина, при секојдневните рутински задачи и во непланираните, ненадејни социјални интеракции. Лицата со Аспергеров синдром користат посебен начин на фокусирање и извршување на зададената задача, опишан како начин на ,,тунел“. Тие немаат способност за извршување повеќе задачи одеднаш (мултитаскинг), па поради тоа лесно запаѓаат во состојба на фрустрација, исполнетост со негативни емоции, изливи на бес и лутина. Ваквиот проблем во секојдневниот живот кај лицето со Аспергер ќе ја измени неговата психосоцијална стабилност и ќе предизвика соочување со нова задача. Во одредени ситуации ќе бидат забележани од средината и ќе бидат стигматизирани.

Фото: Промо

Психотерапевтите првенствено користат традиционален пристап низ психодинамика и когнитивен пристап. Кога психолошкото советување и психотерапијата не се доволни, тогаш се вклучуваат и други методи на испитувања за дијагностика. Електроенцефалографијата или попозната како ЕЕГ-снимање е неврофизиолошка метод,а која ни дава важни информации за хемиските реакции и за трансферот на невроналните импулси во мозокот. Преку ЕЕГ-снимањето терапевтот добива информации за природата на електричните бранови, од каде потекнуваат, дали индицираат други патолошки состојби или само ги дообјаснуваат постојните психолошки симптоми. На веќе започнат психолошки третман, ЕЕГ-снимањето ќе ни овозможи следење на промените и евалуација на постигнатите ефекти од третманот. ЕЕГ-техниката веќе ја има докажано својата вредност во состојби како АСД, АДХД, нарушување на сонот и спиењето, но и други психопатолошки и невролошки состојби.

Неуроимаџининг (Neuroimaging) техники како компјутерска томографија (CT), магнетна резонанца (MRI), магнетна резонанца со флер (fMRI), PET-скенирање, даваат детални податоци за развојот на мозокот и неговата структура. Преку нив откриваме структурни абнормалности, функционална инсуфициентност на мозокот, коморбидитети и/или дегенеративни болести. Многу од состојбите како аутизам, зависности, неепилептични напади, психогени напади, депресија, деменција, па дури и шизофренијата се асоцирани со структурални промени на мозокот.

Клиниката „Жан Митрев“ располага со сите горенаведени дијагностички методи и со квалификувани лекари од областа, кои можат да помогнат за олеснување и поддршка во секојдневно функционирање на лицата со Аспергеров синдром. Информирајте се на 02/3091-484

Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот