Совет на Европа: Швајцарија не ги спроведува препораките за спречување на корупцијата меѓу парламентарците и судиите

Совет на Европа/ Фото: Слободен печат

Советот на Европа не гледа „никаков напредок“ во спроведувањето на препораките до Швајцарија за спречување на корупцијата меѓу парламентарците и судиите, се наведува во извештајот објавен денеска.

Групата на држави на Советот на Европа за борба против корупцијата (Греко) во извештајот во 2016 година му даде 12 препораки на Берн за да се спречи корупцијата меѓу пратениците, судиите и обвинителите, но шест години подоцна беа спроведени само пет од 12-те препораки или „ решени задоволително“, пишува во извештајот.

Авторите на извештајот жалат што пратениците „се уште немаат посветено тело кое ќе го советува за нивниот интегритет и не добиваат обука за тоа“ и што изјавите на пратениците се уште „не содржат квантитативни податоци или информации за нивните обврски и се уште не се предмет на контрола од службите на Собранието“, додава Греко.

Што се однесува до судиите и обвинителите, во извештајот се изразува жалење што не се преземени никакви мерки „за определување други санкции освен разрешување во случај на повреда на нивните должности“.

„Судиите сепак дел од платите им даваат на политичките партии“, наведува Греко во врска со отфрлањето на народната иницијатива за ова прашање на референдумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот