Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот, заразени 2.845.859 лица

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 2.845.859 лица. Од нив починале 197.846, а оздравеле 811.687 луѓе.

– Почнувајќи од 4 мај, вонредните мерки во Белгија постепено ќе се олеснуваат, но носењето заптитни маски во јавен простор ќе биде задолжително, најави премиерката Софи Вилмес.

– Американска Агенција за храна и лекови (ФДА) предупреди дека хидроксихлорокинот, лекот против маларија, за чија примена се залага американскиот претседател Доналд Трамп кај заразените со коронавирусот, не треба да им се дава на болни вон болници, поради можни тешки пореметувања на срцевиот ритам.

– На италијанскиот крузер кој е закотвен во Нагасаки поради поправка, потврдени се околу 60 нови случаи на Ковид-19 меѓу членовите на екипажот.

– Последните недели во Сингапур е забележан драматичен скок на бројот на заразени со коронавирусот, при што илјадници нови случаи на инфекцијата се поврзани со објекти во кои се сместени странски работници.

– Во Италија петти ден по ред паѓа бројот на заразени. Индексот кој покажува преносливост е меѓу 0,2 и 0,7, зависно од регион, и тоа охрабрува. Од понеделник следува олеснување на некои рестриктивни мерки.

– Владата на Индија од денеска одобри ограничено отворање на продавници во станбени квартови, еден месец по воведувањето на вонредните мерки.

– Во Унгарија од Ковид-19 починаа уште 12 пациенти, а бројот на новозаразени се зголеми за 60. Во земјата вкупно има 2.443 заразени, 262 починати, а 458 оздравеле.

– Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Германија се зголеми за 2.055 на 152.438, покажуваат денешните податоци на Институтот за заразни болести Роберт Кох. Бројот на починати се зголеми за 179, на 5.500.

– Во Њујорк од Ковид-19 почина петмесечно бебе, ќерка на еден пожарникар.

– Британските близначки Кети и Ема Дејвис (38), двете медицински сестри, починале од Ковид-19 три дена една по друга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот