Соседните општини од Македонија и Албанија ќе работат на подобрување на системите за заштита од пожари

Фото: Министерство за локална самоуправа

Преку проекти и соработка на соседните општини од Македонија и Албанија ќе се работи на подобрување на системите за заштита од пожари. Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов при денешната посета на новиот противпожарниот центар во селото Градец, општина Врапчиште појасни дека станува збор активности кои се дел проектот „Прекуграничен Против пожарен штит“ поддржан од ЕУ и ИПА Програмата за прекугранична соработка.

Министерот Пенов напомена дека овој проект ќе придонесе за заштита на животната средина и спречување на шумски пожари во прекуграничната област, што, како што нагласи е од клучно значење за зачувување на нашите природни ресурси и обезбедување на безбедноста на нашите граѓани.

Овој проект ја покажува посветеноста на Северна Македонија и Албанија да работат заедно кон заедничко цели и да ги зајакнеме нашите врски како соседни земји. Министерството за локална самоуправа ќе ги покрие трошоците од македонската страна во висина од 15 отсто, рече министерот Пенов.

Во овој проект се вклучени три општини – Врапчиште и Боговиње во Македонија и Церик во Албанија и невладината организација Каритас.

Фото: Министерство за локална самоуправа

Градоначалниците на општина Врапчиште, Исен Шабани и Боговоње, Бесник Емшиу појаснија дека со проектот ќе се развие и спроведе заеднички план за управување со ризик за заштита од шумски пожари и пожари и стандардни оперативни процедури. Според договорите вкупниот буџет е близу 860 илјади евра, а водечки партнер е општината Врапчиште

Се гради нова противпожарна станица за новоформираното меѓуопштинско одделение за противпожарна заштита, а ќе се набави и специјално возило за гасење шумски пожари за противпожарната станица Врапчиште-Боговиње, рече Шабани и дополни дека во меѓуопштинското одделение за противпожарна заштита ќе бидат вработени, обучени и опремени 9 пожарникари, а за понатаму да достигне капаците одговор при елементарни непогоди со 23 пожарникари преку граница.

Според министерот Пенов овој проект претставува пример за посветеноста на ЕУ за промовирање на регионалната интеграција и развој, а се очекува зајакнување на соработката и солидарноста меѓу соседните земји.

Време е да работиме заедно за да ја заштитиме нашата животна средина и да ги заштитиме нашите заедници од катастрофалните ефектите од шумските пожари, додаде Пенов.

Во двете општини на македонска страна има над 60 илјади жители, а со проектот се опфатени рурални средини во кои има над 110 илјади кои живеат во подрачјето на Шар Планина во двете држави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот