Сопругата на познат британски музичар почина на 45 години: Пронајдена мртва во нивната семејна куќа

Фото: Принтскрин / Инстаграм / Фејсбук

Сопругата на познатиот британски музичар Џејмс Морисон, Гил Кечпол, е пронајдена мртва во нивниот дом во Витминстер, Глостершир, пишува „Дејли мејл“.

Еден семеен пријател за странските медуми изјави дека нема сомнителни околности околу нејзината смрт. Според изворите, пејачот е уништен, а неговото семејство се собрало да го поддржи.

Британскиот музичар и неговата 45-годишна сопруга се во врска од неговата 17-та година, а се заљубиле откако таа се преселила во куќата на неговата мајка како потстанар. Заедно имаат две деца, 15-годишната Елси и петгодишната Ада, која е родена предвреме.

Музичарот претходно ја опиша својата сопруга како своја „хероина“, а нивната романса како „мала бајка”. Неговиот неодамнешен албум „Stronger Than You Know“ беше инспириран од нејзината сила по предвременото раѓање на нејзината ќерка Ада.

Минатата година Гил објави на социјалните медиуми дека била возбудена поради тоа што го започнала својот бизнис, откако и била извршена трансплантација на бубрег.

Да потсетиме, 39-годишниот музичар се прослави во 2006 година, а неговите албуми завршија меѓу првите 10 во Британија. Во 2007 година ја доби наградата за најдобар британски музичар. Пред две години, тој објави албум со најголеми хитови и се повлече од јавноста на одредено време, откако во период од три години ги загуби својот татко Пол, постариот брат Алексис и внукот Калум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот