СОПРУГАТА НА АЛ БАГДАДИ ОТКРИЛА СЕ: Откако Турците ја уапсиле, ги раскажала сите тајни на џихадистите (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Сопругата на убиениот лидер на Исламска држава Абу Бакр Ал Багдади открила многу информации за „внатрешната работа“ на џихадистичката група откако била заробена минатата година, рекол турски службеник.

Тој рекол дека жената на убиениот лидер се идентификувала себеси како Раниа Махмуд, но дека вистинското име и е Асма Фавзи Мухамад Ал Кубајси.

Таа рекла дека е „првата сопруга“ на Ал Багдади, кој беше убиен во американскиот напад минатиот месец. Како што пренесува АП, Ал Багдади имал четири жени.

АФП пренесува дека жената била уапсена на 2 јуни, 2018 година во турската провинција Хатај во близина на сириската граница, со уште 10 лица, вклучувајќи ја и ќерката на Багдади, која се идентификувала како Леила Јабер.

Фамилијарната поврзаност била потврдена со помош на ДНК примерок од Багдади, кој бил обезбеден од властите на Ирак, пренесуваат медиумите.

„Го откривме нејзиниот идентитет прилично брзо. Во тој момент таа изнесе доброволно многу информации за Багдади и внатрешното делување на ИСИС. Потврдивме многу работи кои веќе ги знаевме. Исто така, добивме нови информации, кои доведоа до низа на апсења“, рекол службеникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот