Две патнички возила се судрија вечерва во атарот на селото Длабочица, кривопаланечко, поради што сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка – Деве Баир е целосно во прекин.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека сообраќајната несреќа се случила околу 20.20 часот, а сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка – Деве Баир е во прекин од 20.30 часот.
Оттаму засега потврдија дека станува збор за две патнички возила, а увидот од страна на екипите на Министерството за внатрешни работи сѐ уште трае.
Портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска најави детали за несреќата по завршувањето на увидот.