Сообраќајни контроли на МВР: Во Скопје казнети 162 возачи, 82 за брзо возење, шест лица без возачка дозвола

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера на територијата на град Скопје, во акциски контроли во сообраќајот изрече 164 мерки од кои 82 за возење над дозволената брзина и шест за возење без возачка дозвола.

Санкционирани се и седум мотоциклисти.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, исто толку за непрописно престигнување и обиколување и 31 за непрописно паркирани возила.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот