Сонот за освојување на светската сцена за Акиевска веќе е реалност

Мери Акиевска освои четири златни медали на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес/Фото: Агенција за млади и спорт

Македонската и балканската шампионка донесе дури четири златни медали од 75 светски шампионат во бодибилдинг и фитнес, одржан во шпанскиот град Санта Сузана.

Оваа девојка од Крива Паланка стана светска јуниорска велнес шампионка, апсолутна шампионка во јуниорска конкуренција, светска сениорска велнес шампионка и апсолутна шампионка во сениорска конкуренција!

По тој повод беше организиран прием во Агенцијата за млади и спорт, на кој Акиевска ги презентираше впечатоците од овој огромен успех за македонскиот боди билдинг и фитнес.

Ова беше најголемото светско натпреварување до сега, а македонската химна се слушна дури четири пати. Таа искажа огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт за поддршката без која овие успеси не би биле постигнати.

На Светското првенство учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција и во двете категории освои и победи во апсолутна категорија.

Интервју Мери Акиевска: Ја имав поддршката и за возврат се вратив со четири светски златни титули

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот