Сончево со мала облачност

Фото: Архива на „Слободен печат“

Претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност, а кон југот ќе биде со зголемена облачност и со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер југоисточен ветер кој во долниот тек на Повардарието краткотрајно ќе засилува. Од вечерните часови од југозапад ќе почне нов бран од врнежи. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Утревечер ќе започне нов бран од врнежи од дожд од северозапад и ќе трае и во среда преку денот. На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозападот повремен снег ќе има и на повисоките места. Во среда и во четврток ќе дува засилен северозападен ветер. Од четврток ќе биде стабилно со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот