Сомневања за заразено лице од коронавирус во Албанија, реагира министерството за здравство

Извори на Топ Чанел велат дека се работи за учителка на англиски јазик која работела некое време во Кина и се вратила во Албанија пред неколку дена.

Едно лице во Албанија е хоспитализирано, медиумите во Албанија пишуваат дека постојат сомнежи дека лицето е заразено од коронавирусот. Во врска со случајот реагираше министерството за здравство на Албанија.

-Нема ниту една студентка која е хоспитализирана во инфективната клиника. На инфективната клиника е на една жена која пред 10 дена била во Кина и после вечерашното тестирање резултира со обичен грип и негативен на коронавирус- велат од министерството за здраство.

Извори на Топ Чанел велат дека се работи за учителка на англиски јазик која работела некое време во Кина и се вратила во Албанија пред неколку дена.

На почетокот таа не покажувала ниту еден знак за грип, се до моментот кога имало сомневања и се упатила во клиниката во Тирана, каде според министерството е заболена само од сезонски грип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот