Солун: Шест здравствени работници позитивни на Ковид-19 откако се вратиле од одмор

Фото; EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Во болница во Солун, шест здравствени работници се заразени со коронавирусот, откако се вратиле на работа по користењето на летниот одмор, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно одлуката на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, сите вработени во здравствените центри, болниците и сл без разлика на нивната позиција, задолжително е да направат молекуларен ПЦР тест откако ќе се вратат на работа по летните одмори.

Во овие рамки, било откриено дека шесттемина  здравствени работници се позитивни на Ковид-19.

Молекуларни тестови, вчера се правеа и на две атински пристаништа по иницијатива на периферијата Атика, од каде што соопштуваат дека доброволно се тестирале над 300 лица, на различна возраст и кои пристигнале од различни острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот