Софија Вергара побара забрана за приближување: Маж ја демне и мисли дека е во љубовна врска со неа

Софија Вергара / Фото: EPA

Актерката Софија Вергара побара, а во меѓувреме ѝ беше одобрена, привремена забрана за приближување на маж, кој верува дека има „романтична и семејна врска со неа и нејзиниот син“, известува „Јаху њуз“.

Ѕвездата на комичната серија „Модерно семејство“ („Modern Family“) побара заштита за себе и за нејзиниот син Маноло, тврдејќи дека мажот постојано доаѓа во близина на нејзиниот дом, вклучувајќи го и инцидентот во јули кога тој, наводно, пешачел низ ридовите за да го заобиколи обезбедувањето и викал дека таа е „негова“.

Во судските документи до кои дојде новинската агенција „Прес асосиејшен“, Вергара исто така тврди дека Грегори Арон Браун (34) ѝ испратил „вознемирувачко писмо“ во ноември во кое ја изјавил својата намера наскоро да ја најде и да биде со неа.

„Тој ме следи, што ми предизвикува сериозна вознемиреност“, вели Вергара во документите.

„Постојаното, агресивно и вознемирувачко однесување и пораките на Браун ми предизвикуваат постојана вознемиреност и емоционална вознемиреност“, додаде таа.

Се вели дека 51-годишната актерка се плаши за нејзината лична безбедност и за безбедноста на оние околу неа, бидејќи наводното однесување станало „екстремно застрашувачко“.

Документите го опишуваат како „ментално нестабилен демнач“ со „долгорочна фиксација“ на Вергара.

„Тој илузорно верува дека лично ја познава и дека има романтична и семејна врска со неа и нејзиниот син. Нешто што не е вистина“, стои во документите.

„Браун компулсивно ја демне Вергара и претставува закана од насилство и опасност за неа“.

Во документите стои дека Вергара не го познава Браун и дека тој е „фиксиран и опседнат“ со неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот