Социологот Татјана Стојановска Иванова предупредува – Во животот ќе следат промени предизвикани од Ковид 19

Во интервјуто направено со проф. д-р Татјана Стојановска – Иванова од Институтот за саоциологија при Филозофскиот фактултет на УКИМ, се разјаснува дилемата што ќе ни донесат деновите откако ќе запрат корона мерките и сите ние повоторно ќе сакаме својот живот да го вратиме во нормала.

Времето лета. Македонските граѓани веќе неколку недели го живеат животот со пандемијата предизвикана од Ковид 19. На прв поглед изгледа дека корона кризата не не удира така силно. Но, како времето изминува, тешкотиите не навјасуваат.

Па, така ни се наметнува и дилемата со какви последици ние граѓаниоте ќе се соочиме по заразата?

Стојановска-Иванова: Ова време-невреме кое го битисуваме и на кое сме сведоци ќе донесе многу промени во нашите животи. И сега, но посебно во иднина, ќе има многу социолошки истражувања кои ќе бидат посветени за времето на корона, но и после корона вирусот. Она што во моментов можам да го забележам како социолог, иако тоа го чинам преку посматрање на луѓето посебно преку медиумите, социјалните мрежи, од контактите кои преку телефон секојдневно ги имам се неколку факти. Прво што се забележува е фобичноста, иако во голема мера не е дел од нашиот менталитет и традиција, но самото непознато и неизвесно, посебно непознавањето на спецификите на новиот корона вирус можеби ја крена на повисоко ниво фобичноста и стравот за себе си. На површина излегоа вредности како што се егоизам, индивидуализам, егоцентризам, а се подзаборавија алтруизмот, хуманоста и космополитизмот. Тоа се гледа не само преку грубиот однос кон нашите земјаци кои биле од различни причини во странство, туку и кон секој друг. Пример за тоа ви е и купувањето во неограничени количини.

Мислите на оној навредлив однос на социјалните мрежи на дел од фб пријателите, кон нашите сограѓани, браќа, сестри, братучеди кои во моментов се во државен карантин?

Стојановска Иванова: Ме фрапира односот кон луѓето што се во карантин, зашто не размислат дека секој може да биде во таква ситуација, некој заминал од економски, но некој од здравствени причини. Навистина е лош и непримерен односот, да не бидам прегруба и да речам згрозувачки. Но велам тоа е тој социолошки феномен односот на граѓанственоста во време на кризи. Тие дури ја имат изгубено и вербата во институциите, но и се премногу себични. Несвојствено е за човечко битие, да не посака и да не пружи помош на оној кој е послаб и немоќен, но велам непознатото и стравотиите позврзани со новиот корона вирус, кои секојдневно ги следат на медиумите, придонесуваат да станеме скептици или неверници во смисла на недоверба кон ништо, но тоа не не оправдува. После ова не само нашата, туку и многу земји ќе бидат социолошки лабаратории и ќе треба да се направат многу истражувања.

Сепак велите ќе следат промени. Кои се тие промени?

Стојановска-Иванова: Дефинитивно после овој период ќе се променат многу работи. Ајде да почнеме од позитивните. Полека се враќа довербата кон Институциите на системот, и без лажна скромност тоа е пред се на смиреноста и начинот на кој ја води Министерот за здравство д-р Венко Филипче. Полека видовме дека и правдата се враќа, и други Институции застануваат на нозе. Потоа, децата повеѓе време поминуваат со своите родители и имаат време да посветат повеќе внимание на процесот на воспитување, што беше занемарен со години. Дури и имаат уки и поуки од стручни и компетентни луѓе како да им ја објаснат и ваквата ситуација. Верувам, а истражувањата ќе покажат подоцна, дека се враѓаме на патот на вистинските вредности-чесност, позитивност, пријателство, љубов, значење на колективитетот, интеграција, алтруизам, одговорност, емпатија и слично.

По ваквиот одговор, се надзираат и негативните последици?

Стојановска – Иванова: Е сега дефинитивно има и негативни моменти, почнувајќи од стравот, па може во иднина кај некои да прерасне во психоза, или други девијации. Се консултирам и соработувам со моите колеги од цел свет и психолози, посебно развојни и сите сме на став дека ќе треба време за поединецот да ја прифати реално општествената состојба која следи. Потоа можеби скепса во однос на некои институции кои ззтаиле во миговите кои ги живееме. Нема да бидат многу работи исти, допрва ќе се анализираат како социолошки феномени и времето ќе покаже дали сме биле во право. Велам уште е непознато како ќе се продолжи со едукација, колку е пропуштено, стравот од непознатото, како ќе се одвива економскиот дискурс. Посебно е значаен стравот од немаштија и слабост на економијата, неизвесност за своето работно место, дали ќе можат да се подмират основните трошоци, и тука очекувам можеби одреден пораст на некои девијации. Познато е, тоа сме го читале и анализирале, дека во вакви состојби, посебно после аномија, и криза, расте криминалот, насилството, агресијата. Ќе видиме како ќе биде кај нас, но убаво е да се чујат компетентни лица по повод овие прашања. Имаме квалитетен кадар кој треба да се вклучи посебно во овој дел. Тука влегува и психолошката поддршка на луѓе на кои ќе им треба, полека да се вратат во нормалните животни текови, да ги извршуваат своите активности нормално, но ќе има и многу на кои ќе им биде сето тоа потешкотија и затоа ќе треба да се работи и на тој сегмент.

Во време на кризни мерки, семејството, односно партнерите се речиси целосно свртени едни кон други. Дали Ковид 19 и тука ќе вмеша прсти?

Стојановска – Иванова: Она што е вредно да се спомене е и односот кон сопствениот партнер, имено, до сега, се покажало во праксата дека за време на кризи и после тоа да се зголеми бројот на разводи, но тоа кај оние партнери каде љубовта не била примарен дискурс за брак или кога економската ситуација во семејството ќе биде клучен проблем. Од друга страна, не веднаш по короната, но по извесен период, кога порелаксирано ќе почне да се функционира, ќе имаме зголемен наталитет, тоа пред се го очекувам следната година. Исто така очекувам и да станеме посвесни за природата, колку таа ни дава, да бидеме свесни за еко-диверзитетот, но и да најдеме убавина во малите нешта го го чинат животот поубав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот