
Социјалните мрежи не се реалност: Не си создавајте комплекси – Инфлуенсерка покажа како точно девојките комплетно го менуваат изгледот (ВИДЕО)
Емили Кларксон, ќерка на британскиот водител Џереми Кларксон и инфлуенсерка, често нагласува колку филтерите на Инстаграм можат да нарушат нечија самодоверба, а благодарение на својот искрен пристап „собрала“ 116.000 следбеници.
Препорачано
Во еднљ од последните објави, инфлуенсерката споделила видео кое совршено покажува како луѓето можат да го променат својот изглед на фотографиите кои завршуваат на социјалните мрежи. Тоа го направила со помош на своите фотографии кои ги изменила до непрепознатливост, а дури ја променила и нејзината боја на коса.
„Треба да сфатите колку е искривена реалноста на Инстаграм. Кожата која ја гледате е измазнета, нема брчки, нема црвенила. Очите се осветлени, боите се потопли. Некои делови се помали, а други поголеми“, напишала Емили во описот.
Нагласила дека не само филтерите се задолжени за ваквото искривување на реалноста, туку постојат и мноштво апликации кои го прават истото.
„Се споредуваме со нешто што едноставно не постои. Гледам во моите уредени фотографии и не се препознавам. Тоа сум јас, но само некоја холивудска верзија на апликација“, напишала инфлуенсерката.
Кларксон додава дека никогаш нема да бидеме среќни ако продолжиме да се споредуваме со луѓе кои всушност не постојат.