„Sobremesa“: Одлична традиција поради која Шпанците не стануваат од масата по ручекот

Фото: Pexels, Adrienn

Во Шпанија сѐ се врти околу храната. Таму живеат и работат едни од најдобрите готвачи на светот, а градот со најмногу ресторани со Мишелин ѕвезди во светот е, исто така, во Шпанија – Сан Себастијан, пишува „Пун куфер“.

Тапасите и пинчосите се тие кои мамат на менијата во баровите и растораните, а секоја покраина на оваа шаренолика земја има свои специјалитети со кои се гордее. Покрај тоа, ручекот не завршува со последниот залак. Откако сè ќе се јаде, започнува вториот чин – „sobremesa“. Во превод, „sobremesa“ значи време поминато на маса со дружење, смеа и убава пијачка – чаша вино или џин-тоник.

„Како готвач, кога гледам како луѓето поминуваат време на масата после ручекот, тоа е знак дека сè било вкусно и често луѓето повеќе уживаат во тоа отколку во самиот оброк. ‘Sobremesa’ може да биде магична“, изјави готвачот Дани Карнеро за „Би-би-си“.

Фото: Pexels/olia danilevich

Во „sobremesa“ се крие тајната на силните, но и на новите пријателства. Ако не ручате дома, подобро е да изберете некој семеен ресторан или место со домашна кујна. Софистицираните ресторани можат да бидат премногу формални за опуштање со чаша алкохол по ручекот.

Што и да правите, единствениот услов е да не ја напуштате масата долго време. Шармот е токму во заедништвото на масата, на која има смеа и разговор, празни шолји кафе и полни чаши алкохол.

Оваа симпатична традиција трае од половина час до еден час, а ако е некој празник – тогаш дружбата може да трае со часови. Па, доколку се најдете во шпанско друштво, останете на масата што е можно подолго и не ја уништувајте магијата на дружбата по вкусниот ручек.

Музички предлог – овој акустичен концерт на шпанскиот рапер К. Тангана, инспириран од традицијата „sobremesa“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот