Со витаминот Д до подобар имунитет и расположение

профимедиа

Сè повеќе се истакнува улогата на витаминот Д во превенција, но и третман на пациенти со ковид-19.

Витаминот Д е витамин растворлив во масти, којшто е природно присутен во неколку хранливи производи. Има улога во апсорпцијата и одржувањето на рамнотежата на калциумот и фосфорот, коишто, пак, ја овозможуваат нормалната минерализација на коските и се потребни за нивниот раст. Витаминот Д има невромускулна и имуна функција. Концентрацијата на 25(ОН)D е најдобар индикатор за витаминот Д во телото. Овие концентрации не ги опфаќаат количините на витаминот Д врзан и зачуван во ткивата.

Според најновите истражувања во медицинските центри, лица коишто имаат помалку од 30 nmol/L имаат дефицит на витамин Д, оние коишто имаат од 30–50 nmol/L имаат потенцијален ризик за негов дефицит. Концентрацијата на 25(ОН)D од 50 nmol/L во серум ги задоволува 97,5 % од потребите од витаминот Д на популацијата.

ИЗВОРИ НА ВИТАМИН Д 

Храна: Многу малку од хранливите производи во природата содржат витамин Д. Свежите масни риби (лосос, туна и скуша) се најголем извор на витамин Д.

Изложување на сонце: Ултравиолетовото (УВ) Б зрачење (290–320 nm) продира во кожата и притоа се создава витамин Д3.  Комплетното покривање на телото со облека го редуцира УВ-зрачењето околу 50%, a при облачност и/или зголемено загадување се намалува зрачењето дури за 60%.

Употреба на суплементи во исхраната: Во суплементите, витаминот Д најчесто се наоѓа во две форми: Д2 (ергокалциферол) и Д3 (холекалциферол).

фото profimedia

ЗНАЦИ ЗА НЕДОСТИГ НА ВИТАМИН Д

Болки во мускулите и коските: Константна болка во коските е еден од основните знаци за недостиг на витаминот Д. Телото ја гради коскената маса до околу 30 години и затоа може да се јави остеопорозата.

Често се чувствувате тажно: Депресијата и промените во расположението се често поврзани со недостиг на витаминот Д во телото. Серотонинот, хормонот одговорен за расположението, е стимулиран од количината на витаминот Д.

Висок крвен притисок: Хипертензијата може да биде еден од знаците на недостиг на витаминот Д.

Умор и поспаност: Недостиг на витаминот Д може да биде причина за хроничен умор. Овој симптом е особено изразен кај постарите лица.

Промени на расположението: Рецепторите за витамин Д во мозокот се наоѓаат во истите делови од мозокот каде што се и центрите за расположение и емоции. Затоа, недостигот на витаминот Д е тесно поврзан со ментални заболувања како што се стрес, анксиозност и депресија.

Дигестивни проблеми: Витаминот Д помага нашиот дигестивен систем правилно да ги апсорбира мастите. Неговиот недостаток може да доведе до повеќе цревни проблеми како што се: интолеранција на глутен, воспалителни болести на цревата и Кронова болест.

Алергии: Тој игра важна улога во регулирањето на имуниот систем и неговиот недостиг може да предизвика разни алергиски реакции како: астма, алергии на храна, егземи и алергиски ринитис. Витаминот Д заедно со цинкот игра многу значајна улога во создавањето на имуните клетки коишто нè заштитуваат од разни бактерии, вируси и други надворешни агенси.

ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ е секогаш тука за вас: Специјален попуст од 20% на анализата за витaмин Д во 2020 година со клучниот збор „30 години Фармахем“ за сите читатели на дневниот весник „Слободен печат“. Да бидеме подготвени со зголемен имунитет во борбата со вирусите и бактериите!

ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ – специјалистичка биохемиска лабораторија:

ул. Борис Сарафов бр.2/3
нас. Ѓорче Петров
тел. 02/ 20 31 905

бул. Јане Сандански бр.65
нас. Аеродром
тел..02/2 40 33 53

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот