Група демонстранти фрлиле молотови бомби во четвртокот вечерта во Зонската комисија за изборна администрација (ЗКЗА), во едно средното земјоделско училиште во Бушат, регионот на Скадар при што изгоре изборниот материјал што пристигна во текот на денот за општината Вау Деја, јавува Гласот на Америка на албански јазик.
Настанот се случил по протестите на околу 200 поддржувачи на опозицијата пред Зонската комисија, кои се противат на одржувањето на изборите на 30-ти јуни.
Според полицијата, биле ранети тројца полицајци од комесаријатот на Вау Деја, регионот на Скадар. Пожарникарите и амбулантите екипи излегоа на местото на настанот, додека полицијата уапси девет осомничени лица.