СО МЕРЦЕДЕС ВЛЕТАЛ ВО ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ НА ТРАМП ВО ЊУЈОРК: Само излегол од возилото и седнал на кауч (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Еден автомобил влетал во главната сала „Трамп Плаза“ во Њујорк во луксузниот хотел на американскиот претседател, пренесуваат американските медиуми, додавајќи дека во таа прилика полесно се повредиле еден минувач и возач.

Во тој луксузен станбен објект во Њу Рошел, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга немаат резиденција, но тоа е во нивна сопственост.

Фото: Принтскрин

Локалната мрежа „ЕЈ-Би-Си“ пренесува дека возачот излегол од својот Мерцедес и седнал на каучот во главниот хол по упадот.

Како што информирала полицијата за локалните медиуми, при упадот не било откриено ништо сомнително.

Фото: Принтскрин

Застапникот за недвижности на Трамп не бил достапен за коментар, иако преку електронска пошта и се заблагодарил на полицијата за брзата реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот