Со бесплатна проекција на „Пинокио“: Почнува одбележувањето на 95-годишнината на скопската Зоолошка градина

Фото: EPA

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ вечер во Градски парк, на „Школка” ќе почнат низата настани со кои ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина – Скопје.

Од Зоолошката градина информираат дека во текот на наредните месеци се планирани едукативни и забавни настани во градината.

Проекцијата на филмот е замислена како пикник, а посетителите со себе ќе треба да понесат ќебе. Ќе бидат обезбедени вода, сокови и кроасани за посетителите.

Филмот „Пинокио” кој беше номиниран во две категории за „Оскар” е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот