Снежните бури во САД ја одложија испораката на шест милиони вакцини

Фото: EPA-EFE/Ralph Lauer

Поради снежните бури, екстремниот студ и прекинот во снабдувањето со електрична енергија затворија повеќе од 2.000 пунктови за вакцинација и ја пролонгираа испораката на шест милиони дози вакцини во сите 50 американски сојузни држави минатата недела, изјави високиот советник на Белата куќа, Енди Салвит.

Тој истакна дека заостанатите дози вакцини против ковид-19 ќе бидат испопрачани следната недела, а поголемиот број ќе бидат доставени во следните неколку дена.

– Времето предизвика пречки во целиот синџир на снабдување, посочи Славит.

Од 14 февруари големи делови од САД се зафатени од екстремно време.

Обилниот снег и рекордно ниските температури ги погодија Оклахома и Аркансас, а предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија ширум Тексас.

Пред невремето во просек се испорачуваче над 1,5 милиони дози вакцини дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот