Смртна казна за шест лица обвинети за тероризам во Египет – Слободен печат
ВестиПланета

Смртна казна за шест лица обвинети за тероризам во Египет

Кривичниот суд во Гиза, за слични обвиненија, вклучувајќи и поседување оружје и експлозив, осуди уште 41 лице на доживотен затвор, од кои 28 во осудени во отсуство.

Египетскиот суд им досуди смртна казна на шест лица обвинети за терористички напади во Кердаси, во близина на познатите пирамиди во Гиза. Тие се осудени за два одвоени напади, во 2013 и 2015 година, во кои загинаа најмалку три лица, меѓу кои и полицаец.

Кривичниот суд во Гиза, за слични обвиненија, вклучувајќи и поседување оружје и експлозив, осуди уште 41 лице на доживотен затвор, од кои 28 во осудени во отсуство.

Други седуммина се осудени на 15 години затвор, еден до три години, додека 14 се ослободени.Како што пренесува АП, овие пресуди можат да се обжалат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close