Службите во Уставниот суд на обука против дискриминација

Во Уставниот суд се одржа дводневна работилница за стручната служба на тема „Забраната за дискриминација во судската пракса на Европскиот суд за човекови права“.

Во рамки на обуката беа разработени формите и основите на дискриминација, опсегот на употреба на членот 14 и член 1 од Протоколот број 12 од Европската конвенција за човековите права. Беа спроведени вежби за препознавање на различен третман, недостаток на објективно и оправдано оправдување, товар на докажување во случаи на дискриминација, говор на омраза и беа разработени конкретни примери против Северна Македонија во изминатите години.

Обуките ги спроведоа Ана Медарска Лазова и Христијан Конески, адвокати, ангажирани во Секретаријатот на Европскиот суд за човекови права. Настанот се реализираше на 10 и 11 јули , со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а со цел зајакнување на вештините на стручната служба преку практични примери од областа на човековите слободи и права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот