Словото на просветителите и денес е патоказ

Утре, претседателите на Македонија и на Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев, заедно ќе отпатуваат во Рим, а задутре заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим, со положување цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре.

Светите браќа овозможија Библијата да биде достапна за сите Словени, а во тој дух на отвореност денес оддаваме почит на нивното дело заедно со сите останати словенски и други народи, кои чувствуваат ист долг кон нивното дело и наследство и ја слават со достоинство и чест. Ова е дел од честитката на премиерот Зоран Заев по повод Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј 24 Мај.

„Водени од космополитските начела на светите браќа и нивните ученици, кои спроведоа широка културна активност преку описменување на населението, превод на книги и формирање на книжевни школи, од кои особено е значајна нашата Светиклиментова охридска школа, да покажеме визионерство и преку употребата на алатките кои современата технологија ни ги нуди да се справиме со образовните предизвици на нашето време. Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј!”, напиша Заев. Честитки упатија и другите високи претставници на власта и на политички партии.

По повод празникот, цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус положија високи делегации на државниот врв, дел од дипломатскиот кор и други општествено-политички организации во државава – делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и пратениците Дарко Каевски и Велика Серафимовска-Стојкова, делегација на УКИМ, предводена од ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски, како и делегација на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Македонска црковно-државна делегација вчера се поклони и на гробот на Свети Кирил во Рим по повод големиот празник 24 Мај. Со молебенот на гробот во базиликата „Св. Климент” чиноначалствуваше митрополитот Европски г. Пимен.

Утре, претседателите на Македонија и на Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев, заедно ќе отпатуваат во Рим, а задутре заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим, со положување цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во 9. Век, папата Адријан Втори ги благословил азбуката и книгите напишани од светите браќа.

И амбасадите на Северна Македонија и на Бугарија во Белград, Прага, Варшава и Киев, со заеднички настани ќе го чествуваат 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј, соопшти Министерството за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот