Славниот дрес на Мајкл Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари

Дрес на Мајкл Џордан/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Дресот на легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан е продаден на аукција за рекордни 10,1 милиони долари, соопшти аукциската куќа Сотбис од Њујорк.

Станува збор за црвениот дрес на Чикаго булс кој Џордан го носеше на првиот натпревар од НБА финалето против Јута џез во 1998 година, а сега е најскапиот продаден дрес во историјата, откако го надмина дресот на познатиот фудбалер Диего Армандо Марадона.

Станува збор за дресот што Аргентинецот го носеше на четвртфиналниот меч на Мундијалот против Англија во 1986 година, кога постигна гол „со божја рака, а кој годинава беше продаден за 9,3 милиони долари.

Проценката на аукциската куќа Сотбис беше дека дресот на Џордан ќе се продава меѓу три и пет милиони долари.

Иако Џордан го носеше со Булси на првиот меч од финалето на НБА во поразот против Јута со 88:85 по продолжение, тоа не влијаеше на цената на дресот. Џордан на тој натпревар постигна 33 поени, а Чикаго подоцна стана шампион во НБА лигата победувајќи го тимот на Солт Лејк Сити со 4:2 во серија.

Тоа беше шеста и последна титула во НБА со „биковите“ за легендарниот американски кошаркар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот