Славчо Попоски прогнозира: Уште малку радост од индиското лето, еве од кога следат дождови!

Славчо Попоски / Фото: Еспресо.мк

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.

Потоа, до петок, ќе се задржи стабилно, суво и сончево, со умерена локална облачност. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека од петок па натаму – за време на викендот, ветерот ќе го промени својот правец во западен и југозападен и повремено ќе биде засилен на интензитет.

За време на викендот, се очекува…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот