Скопје има државници, Бугарија „јес-мени“

Ковачевски и Петков во февруари 2022 година / Фото: Влада на РСМ

Полицајците во Скопје постигнаа сè за заштита на државниот интерес, додека бугарските дрдорковци изгубија сè.

Од Скопје дознавме дека францускиот предлог веќе е модифициран и ефемерните гаранции од првичниот предлог – околу историските спорови и јазикот – веќе се избришани и потиснати.

Тие нè изиграа за Северна Македонија. Очекувано. Ние ги предупредивме како тоа ќе се случи – чекор по чекор. Но, нашите „јес-мен“ и политички безрбетниот парламент, влада и претседателство, поттикнати од надворешните интереси станаа глуви во последниве години. Тие постингаа сè во одбрана на нивните интереси. Додека Бугарите – дрдорковци изгубија сè и на тој начин ги заборавија спомените на илјадници кои ги посветија животите, желбите и моќите за бугарската слобода и за ослободување на поробената бугарска Македонија. Крајот дојде, а Бугарите останаа предадени, изгубени и продадени.

Сè што фабрикуваа Сталинизмот, Комунизмот, СССР и предавниците од БКП – „македонска историја“ и „македонски јазик“ – сега прерасна во европска норма, легитимен и потврден со печатот „вистинкси“ во европската интеграција. Вие си објаснувавте како Свети Климент Охридски, Цар Самоил, браќата Миладиновци или Гоце Делчев се Бугари, додека Скопје доби признание од Европа и Брисел дека тие се „Македонци“.

Историската вистина, фактите и документите се нерелавантни, Европа нив не ги разбира и не сака да ги разбере. Не за друго, поради тоа што тие не се однесуваат на Алзас и Лорена, на валонскиот јазик или на Каталонија. Ние сме едноставно втора класа која не треба да му смета на Брисел и неговата сатисфакција за „високата класа“ со небитни барања. Но, да не ме сфатите грешно, не е ни Брисел ни Западен Балкан виновен, туку нашите „јесмен“ политичари кои за сè се согласуваат.

170 пратеници го поддржаа францускиот предлог. Тие ѝ дадоа мандат на поразената влада за да го прифатат предлогот, со што се крена ветото за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ. Сè тоа се случи толку брзо, без никакви детални анализи или преговори.

Глупавата поддршка за која лажеа нашите политичари – ние моравме да клекнеме на колена за да не ја предадеме Северна Македонија во канџите на Путин – не е ништо повеќе од еден трик со кој се полнат главите на геополитичките ревнители на социјалните мрежи.

Вистината е дека Северна Македонија е членка на НАТО. Па дали некој праша како една членка на НАТО може да биде толку под влијание на Кремљ, за без Бугарија да ги предаде своите национални интереси, да не е можно да се оттргне од ова злонамерно влијание?

Повторно, вината за ова лежи кај бугарските политичари.

На крајот, сите партии и пратеници, Владата на Петков и претседателот Радев, сите кои работеа за кревање на ветото веќе имаат голема одговорност пред историјата. И ќе се покријат со вечен срам ако го прифатат изменетиот француски предлог, јасно покажувајќи како си играат со националните интереси.

За разлика од политичарите во Скопје, бугарските политичари се безпомошни. Северна Македонија ќе продолжи да се движи кон ЕУ со заслужена самодоверба од нивната заштитена позиција.

Текстот е преземен од труд.бг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот