Скопјани и утрово дишат загаден воздух

Фото: Слободен печат

Скопје утрово е единаесетти најзагаден град во светот со индекс од 161, покажуваат податоците на веб-страницата „Ај-Кју Ер“.

Фото: Принтскрин/ IQair

Градоначалничката Данела Арсовска вчера донесе решение за запирање на одлуката за преземање итни мерки за заштита на квалитетот на воздухот во Скопје, која градскиот Совет ја донесе на седницата одржана на 27 ноември. Според образложението на Арсовска со одлуката е извршена повреда на член 50, став 1, точка 6 од Законот за локална самоуправа и на членовите 114 и 115 од Деловникот на Советот на Град Скопје.

Станува збор за мерки, од кои шест се за итно постапување, што советниците од Зелен хуман град ги предложија уште во јануари годинава, кога не поминаа на Совет, за кон крајот на ноември конечно да добијат зелено светло од советниците, по подолга дискусија и расправа со претставниците на Град Скопје.

Скопје се „гуши“, а Арсовска ги запре мерките против загадувањето што ги усвои Советот

Во услови на загаден воздух, се препорачува малите деца, бремените жени, хроничните болни и повозрасните луѓе да не излегуваат на отворено, граѓаните да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да го користат јавниот превоз. Се повикуваат сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат ако немаат регулирано испуштање на отпадните гасови, а граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси.

На листата на „Ај-Kју Ер“, прв најзагаден град е Лахор, потоа Делхи и на трето место е Дака.

Шукова: Општините немаат краткорочни планови за мерки против загадувањето на воздухот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот