Скопјанец загина во сообраќајка кај Крива Паланка

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат А2, Куманово- Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир, почина шеесет и петгодишниот С.С. од Скопје, кој управувал со патничкото моторно возило.

Според официјалните информации од МВР, во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „опел корса” со скопски таблички, управувано од С.С. шеесет и пет години и товарно возило „мерцедес” со кумановски таблички, управувано од триесет и две годишниот Ј.М. од Крива Паланка.

Во незгодата, возачот на автомобилот, С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во здравствениот дом „Димитар Арсов”, Крива Паланка, каде околу 15.20 часот им подлегнал на повредите.

Сопатничката од истото возило, шеесет и пет годишната К.С. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите од здравствениот дом во Крива Паланка била пренесена и задржана во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица од општа надлежност- Крива Паланка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот