Скандинавското дерби му припадна на Каспер Руд за полуфинале на „Ролан Гарос“

Норвешкиот тенисер Каспер Руд за првпат во Топ 4 на грен слем/Париз,Франција/1 јуни 2022/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Норвешкиот тенисер Каспер Руд се пласираше во полуфиналето на „Ролан Гарос“ откако го совлада данскиот тенисер Холгер Руне со 3:1 во сетови 6:1, 4:6, 7:6 (2) и 6:3. Осмиот играч на светот за првпат во својата кариера е во Топ 4 на еден од грен слем турнирите.

Ова беше прво скандинавско четвртфинале во историјата на парискиот грен слем турнир.

Руд во првиот сет направи два „брејка“ и лесно дојде до водство. Во следниот сет прв „брејк“ имаше Норвежанецот во петтиот гем, но во иста мера во следниот гем возврати Руне.

До одлучувачкиот „брејк“ Данецот стигна во 10 гем, без загубен поен. Тенисерите направија по еден „брејк“ во третиот сет, а сетот отиде во тај-брејк. Руд направи серија од пет врзани поени во тај-брејкот и со 7:2 го заврши 13 гем.

Клучниот момент во четвртиот сет се случи во осмиот гем, кога Руд ја реализира четвртата „брејк“ топка.

Руд за пласман во големото финале на грен слем турнирот во Париз ќе игра против 23 играч на светот Марин Чилиќ. Потсетување дека Хрватот го елиминираше Андреј Рубљов со 3:2 во сетови. Повеќе прочитајте ТУКА

Во втората полуфинална двојка најголемиот фаворит за титулата Рафаел Надал ќе ги одмери силите против Александер Зверев.

Во женска конкуренција полуфиналните мечеви се Ига Швјонтек (Полска) – Дарија Касаткина (Русија) и Мартина Тревизан (Италија) – Коко Гоф (САД).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот