Скандалозен пропуст: Пратеник фотографиран покрај Си Џинпинг бил ковид позитивен

Џон Ли и Си Џипинг/ Фото EPA-EFE/FELIX WONG

Пратеникот од Хонг Конг, кој беше фотографиран како стои блиску до кинескиот претседател Кси Џинпинг претходно оваа недела, денеска објави дека е позитивен на тестот за Ковид-19.

Стив Хо Чун-Јин истакна дека тестот бил негативен во четвртокот кога присуствувал на фотосесија за време на прославата по повод 25-годишнината од британското предавањето на градот на Кина.

Дотичниот пратеник стоел еден ред зад Си, покажуваат фотографиите на денот.

Хо рече дека имал благи симптоми во петокот и морал повторно да се тестира. Тој не присуствуваше на ниту еден настан за прослава на годишнината од примопредавањето тој ден, се вели во соопштението на неговата официјална страница на Фејсбук.

Сепак, фактот дека некој што дошол во контакт со Си бил позитивен на тестот за вирусот, ќе се смета за неуспех за администрацијата на Хонг Конг, која потроши многу време и ресурси во подготовката за посетата , обидувајќи се да осигура највисок степен на безбедност и здравствена заштита.

Границата меѓу Хонг Конг и континентална Кина останува главно затворена поради вирусот.

Пред неговата посета, стотици функционери и пратеници во Хонг Конг беа принудени да се движат во затворен круг со помалку контакти за да се спречи какво било понатамошно ширење на вирусот. Ним им беше дозволено да патуваат од дома до работа само со приватно возило и беа принудени да ја поминат ноќта во карантин пред годишнината од предавањето. Тие биле подложени и на секојдневно тестирање.

Си, чија посета на Хонк Конг беше неговото прво напуштање на територијата на Кина во последните две години од појавата на пандемијата присуствуваше на настаните на годишнината и на церемонијата на полагање заклетва на новиот лидер на Хонг Конг назначен од Пекинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот