Сите здравствени установи во Грција ги отповикаа вработените од редовите отсуства

Фото: МИА

Со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, се одложуваат и се отповикуваат редовните отсуства, слободни денови или одмори на вработените во болниците, здравствените установи, како и во самото министерство, јави дописничката на МИА од Атина.

Централната служба на Министерството за здравство, Централните здравствени служби на перифериите, државните болници, брзата помош, Националната организација за јавно здравје, Националниот центар за крводарителство, во Институтот за фармацевтски истражувања и технологија се меѓу институциите во кои персоналот, сѐ додека не се донесе нова одлука, нема да може да се слободни денови или одмор.

Одлуката на грчкиот министер доаѓа откако, денеска, во Солун беше регистриран првиот случај на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот