Си­те здрав­стве­ни пред­нос­ти на ба­на­ни­те: На­ут­ро за здрав об­рок, а на­ве­чер за до­бар сон

Ба­на­на­та е сов­рше­на за ужи­на би­деј­ќи е иде­ал­на за но­се­ње на ра­бо­та или во школо, а си­гур­но ќе ве држи си­ти не­кол­ку ча­сови.

Спо­ред про­тек­ци­о­нис­ти­те, со ја­де­ње­то ед­на ба­на­на се­кој ден во сво­јот ор­га­ни­зам вне­су­ва­те 400 мг ка­ли­ум и 27 мг маг­не­зиум, а ос­вен тоа ба­на­ни­те има­ат ни­за здрав­стве­ни пред­ности.

Ба­на­на­та е од­лич­на пое се­кој фи­зич­ки на­пор би­деј­ќи го вра­ќа маг­не­зи­у­мот во мус­ку­лите. Таа е од­лич­на за чис­те­ње на цре­ва­та по­ра­ди влак­на­та што ги сод­ржи, а на­ве­чер е доб­ро да се изе­де ед­на ба­на­на би­деј­ќи опушта, да­ва чув­ство на си­тост и е лес­на за ва­рење. Лес­но мо­же да ја ком­би­ни­ра­те со јо­гурт, мле­ко или жи­тар­ки за це­ло­сен об­рок.

При ку­пу­ва­ње­то на ба­на­ните, од­бе­ре­те ги поз­ре­лите, би­деј­ќи зе­ле­ни­те мо­жат да ви нап­ра­ват проб­лем со ва­ре­њето, а ни­ка­ко не сме­е­те да ги ку­пу­ва­те оние кои се ош­те­те­ни би­деј­ќи та­ка бак­те­ри­и­те лес­но про­ди­ра­ат внатре. Ис­то така, ба­на­ни­те не ги чу­вај­те во фри­жи­дер би­деј­ќи та­ка ше­ќе­рот се прет­во­ра во скроб и овош­је­то ја гу­би нут­ри­тив­на­та вред­ност.

Ова се здрав­стве­ни­те пред­нос­ти на ба­на­ната:

– Го сни­жу­ва крв­ни­от при­ти­сок

Три ба­на­ни днев­но зна­чи­тел­но го сни­жу­ва­ат крв­ни­от при­ти­сок. Ба­на­на­та има мно­гу ка­лиум, сод­ржи мал­ку нат­ри­ум и за­тоа де­лу­ва и по­ма­га за гу­бе­ње на соб­ра­ни­те теч­нос­ти во ор­га­низ­мот.

– Го по­доб­ру­ва кар­ди­о­вас­ку­лар­но­то здравје

Ис­хра­на­та бо­га­та со влак­на е доб­ра за ср­цето, а ба­на­ни­те се бо­га­ти со влакна. Ка­ко до­пол­ни­тел­на пред­ност, спе­ци­фич­ни­те рас­твор­ли­ви влак­на во ба­на­на­та се пов­рза­ни со на­ма­лу­ва­ње на ри­зи­кот од бо­лес­ти на ср­цето.

– Го по­диг­ну­ва­ат рас­по­ло­же­ни­е­то и по­ма­га­ат да се чув­ству­ва­те по­добро

Про­сеч­на­та ба­на­на има око­лу 27 мг маг­не­зиум, ми­не­ра­л што по­ма­га да се стек­не доб­ро рас­по­ло­же­ние и ис­то та­ка мо­же да го по­до­бри ква­ли­те­тот на со­нот. До­кол­ку има­те нис­ко ни­во на маг­не­зи­ум во те­лото, мо­же да стра­да­те од раз­драз­ли­вост, деп­ре­си­ја и дру­ги на­ру­шу­вања.

– Го по­доб­ру­ва­ат сис­те­мот за ва­рење

Би­деј­ќи се лес­ни за ва­рење, ба­на­ни­те се сме­та­ат до­бри за сис­те­мот за ва­рење. Освен тоа, тие по­ма­га­ат по­лес­но да ги вра­ти­те из­гу­бе­ни­те ми­не­ра­ли до­кол­ку сте има­ле ди­ја­реја.

– Ги по­доб­ру­ва­ат пер­фор­ман­си­те во спорт­ски ак­тив­ности

Ба­на­ни­те ги хра­нат мус­ку­ли­те со ан­ти­ок­си­дан­си и со дру­ги хран­ли­ви ма­те­рии. Не­о­дам­неш­на сту­ди­ја по­ка­жа­ла де­ка ли­ца­та што за вре­ме на тес­ти­ра­ње­то на се­кои 15 ми­ну­ти ја­де­ле ба­нани, има­ле ед­на­ков ефект ка­ко оние што пи­е­ле спорт­ски пи­ја­лок на се­кои 15 ми­ну­ти до­де­ка во­зе­ле ве­ло­си­пед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот