Симон Коруноски објави видео за новата песна „Дел од мене“ (ВИДЕО)

Фото: Промо

Пејачот Симеон Коруноски објави Lyric Video за песната „Дел од мене“, со која на овогодинешниот „Охрид Фест“ се пласираше на Интернационалната вечер и доби награда за најдобар аражман.

– Песната започнавме да ја правиме уште пред околу една година заедно со мојот продуцент Иле Спасев. Првичната идеја беше наша. Јас уште од „Casting Talent Show“ имав желба на некоја од моите песни да биде текстописец Огнен Неделковски и тоа се оствари, изјави Коруноски.

Имено, музиката за „Дел од мене“ е дело на Симеон Коруноски, продукцијата и аражманот ги подготви Иле Спасев, а текстот е на Огнен Неделковски.

– Одлучив да направам и Lyric Video за оваа песна, што беше предизвик за мене зошто тоа беше мое прво видео кое може да го видите на мојот Youtube канал, истакна Коруноски.

Коруноски досега има објавено неколку песни, а покрај музичките ангажмани, тој на 23 декември во Филхаромонија ќе игра една од главните улоги во бродвејскиот мјузикл, преведен на македонски јазик „Ени Јуниор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот