СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ЦРНА ГОРА: Град со големина на лешник оштети неколку автомобили – Слободен печат
ВестиРегион

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ЦРНА ГОРА: Град со големина на лешник оштети неколку автомобили

Во Подгорица наврна пороен дожд и град со големина на лешник, а ветерот корнеше гранки од дрвјата.

Големо невреме зафатило повеќе делови од Црна Гора, а во Подгорица температурата забележала голем пад од околу десет степени.

Во Подгорица наврна пороен дожд и град со големина на лешник, а ветерот корнеше гранки од дрвјата, јавуваат тамошните медиуми.

Во невремето од силниот град се оштетени и неколку автомобили.

Делови од градот се без електрична енергија. Метеоролозите најавуваат дека дожд ќе врне во повеќе налети во текот на денот. Изминатите денови во Подгорица и околината температурата изнесуваше околу 40 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close