Силниот земјотрес во Албанија предизвика паника кај населението

Во 21 часот и 15 минути вечерва е регистриран силен земјотрес во Албанија.

Иако првично беше информирано дека земјотресот бил со магнитуда од 5.5 степени според Рихтеровата скала, сепак, според Европскиот Сеизмолошки Центар, земјотресот бил со јачина од 5 степени.

Епицентарот бил во Бубч на длабочина од седум километри, и траел неколку секунди.

Според албанските медиуми истиот предизвикал паника кај населението во Драч и во Тирана кои ги напуштиле своите домови.

Министерството за одбрана вели дека досега нема информации за повредени лица или некакви други оштетувања. Земјотресот бил почуствуван и во Македонија и во Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот