Силен топлотен бран во Австралија, зголемен е ризикот од пожари

Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS NO ARCHIVING AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Силен топлотен бран повторно го зафати јужниот и источниот дел на Австралија, со што се зголеми ризикот од пожари, а австралискиот Завод за метеорологија очекува во следните денови температурите да урнат рекорд.

Инаку, денеска на јужната земјина хемисфера почнува летото.

– Иако горештините и топлотните бранови се вообичаени за овој период од годината, сепак оваа жештина се разликува по температурите повисоки за 18 степени Целзиусови над просечните, истакна Дин Нарамор од метеоролошкиот завод.

Поради високите температури граѓаните ги посетуваат плажите и базените за разладување.

Топлотниот бран, кој полека се движи кон североисток, го зголемува ризикот од пожари, а повеќе од 30 пожарникарски екипи се обидуваат да го локализираат огнот на локалитетот кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, островот Фрејзер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот