Сијарто: Лидерот на ЕПП, Манфред Вебер треба да се срами

Петер Сијарто/ Фото: EPA/VASSIL DONEV

Лидерот на конзервативната Европска народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, Манфред Вебер, „треба да се срами“ од учество во организацијата за отстранување на владеачката унгарска партија Фидес од таа група партии, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.

Раководството на владејачката Фидес вчера соопшти дека ја напушта ЕПП.

Сијарто на Фејсбук напиша дали е време да се праша „колку часови“ Вебер мина во набавка на вакцини или што било потребно за да ги заштити животот, здравјето и работата на луѓето во Европа.

– Илјадници луѓе умираат во Европа секој ден, а десетици илјади страдаат од пандемијата. На Европејците им требаат вакцини и респиратори затоа што спасуваат животи, рече Сијарто.

Сепак, посочи тој, Вебер бил зафатен „со организирање смена на најуспешната членка на ЕПП и смислување бирократски трикови за постигнување на оваа цел. Затоа, Вебер треба да се срами од себеси”.

ЕПП вчера гласаше за промена на статутот за да се овозможи суспендирање на членството на една партија, не само на поединци од одредени партии, или целосно исфрлање на една партија доколку ги прекрши правилата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот