Сицилија: Затворски казни за 90 мафијаши, „исцицале“ пет милиони евра од европски земјоделски фондови

Фото: Unsplash

Суд во Сицилија осуди на затворски казни 91 член на организирана криминална група која ги оштетила земјоделските фондови на Европската Унија за пет милиони евра.

Судот во Пати пресуди во тужбата поднесена минатиот март против членовите на организацијата обвинети за измама и уцена со цел да добијат помош од ЕУ за пасиштата.

Со пресудата, 91 член на групата се осудени на затворски казни од две до 30 години, додека десет обвинети се ослободени.

Извештаите на локалните медиуми за случајот посочија дека меѓу 2010 и 2017 година, 150 компании ја измамиле ЕУ за околу пет милиони евра за пасишта, вклучително и зем јишта кое постојат само на хартија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот