Си собраа пари за вакцини и се ослободија од короната: Како едно бразилско племе го заузда ковидот

Племето Куикуро се чекор пред сите. Тие наместо да чекаат помош од владата,  самите собраа средства за медицински материјали, заклучија села и го искористија искуството со епидемијата на сипаници за рано да се борат против пандемијата.

Домородните заедници се сметаат за приоритет во програмата за вакцинација против ковид-19 во Бразил. Но, ова бразилско племе не чека никого.

Според официјалните податоци, повеќе од 45.000 случаи и 620 смртни случаи биле регистрирани меѓу половина милион луѓе од домородните територии на Бразил. Националното здружение на домородните жители ги прогласи овие статистички податоци за вонредна состојба и тврди дека вистинскиот број на смртни случаи е уште поголем. Но, меѓу околу 900 членови на народот Куикуро, кои живеат во осум села преку сливот на реката Горна Шинг, нема смртни случаи и само 160 инфекции. Сите се вакцинирани, пишува Би-Би-Си.

Нивниот успех во борбата против ковид се разликува од остатокот на Бразил, каде починаа повеќе од 295 000 луѓе, а претседателот Жаир Болсонаро се противи на заклучување, ги отфрла вакцините и промовира недокажани методи на лекување.

Лидерот на заедницата, Јанама Куикуро, за новинарот на Би-Би-Си, Пабло Учои, изјави како се бореле со вирусот:

– Жеивеам во главното село Ипатисе – во него има 390 луѓе, вклучително и деца. Минатата година, ја видов веста за зголемување на бројот на случаи со ковид во Бразил. Зборував со мојот брат и поглаварот на селото Ипатисе, Афукак Куикура, кои исто така ги следеа вестите.

Страдаа многу луѓе и ние бевме свесни за опасноста. И затоа нашата заедница се собра неколку пати пред да дојде вирусот до нас, за да можеме да размислиме заедно: како можеме да се справиме со овој нов вирус? Кој може да ни помогне?

Кога бев дете, татко ми мѝ зборуваше за епидемијата на вариола, која уби многу луѓе овде, во сливот на реката Горна Шинг. Многу луѓе загинаа: Калапало, Камајурас. И така, кога слушнавме за овој нов вирус, нашите старешини веднаш се сетија на тоа.

Мислевме дека мора да се организираме, мора да се заклучиме. Да баравме помош од владата, немаше да пристигне брзо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот